| четврток, 6 декември 2018 |

„Лева патика“: Не правиме музика за пари (ВИДЕО)

- Не ја викаме награда за „животно дело“, бидејќи таа се дава пред „фајрон“. Ние ја доделуваме наградата за „трајни вредности“ на групата „Лева патика“ бидејќи тие сѐ уште придонесуваат и ќе придонесуваат во македонската музика - рече Антонио Димитриовски на прес конференцијата по повод Македонскиот радиски фестивал МАРС 2013.

leva-patika-2

Токму оваа година, фестивалот се реши да им оддаде почит и признание на легендарните македонски рокери, момците од групата „Лева патика“. Со право ја заслужија и титулата за една од најслушаните песни во Македонија – нивната „Неправда“.

„Лева патика“ синоќа повторно настапија со нивниот евергрина на сцената во „Универзална сала“, а притоа и потсетија дека планираат да останат активни.

leva-patika-1

– Пред само еден месец го издадовме нашиот нов албум. Не го направивме тоа за пари, туку за вас. Ја сакаме македонската музика и сакаме да ви ја подариме, за уште многу нови хитови. Не купувајте го нашиот албум, туку само бесплатно симнете го од интернет, тој е достапен за сите бидејќи е направен за вас – порачаа тие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top