Советот на општината Охрид го усвои нацртот за урбанистички план за изградба на елитна населба во атарот на селото Лакочереј, во месноста викана Вишо.
Градоначалникот Александар Петрески изјави дека станува збор за инвестиција вредна повеќе од 20 милиони евра за која бил заинтересиран Македонец од Австралија.
„Подолго време разговараме со инвеститорот околу можноста за реализација на идејата за изградба на елитна населба во која објектите ќе бидат наменети главно за нашите повратници од странство, за печалбарите кои живеат долго време надвор од Македонија и немаат имот во родната земја“, изјави Петрески.
Според урбанистичкиот план на површина од неколку хектари меѓу Горно и Долно Лакочереј ќе се градат повеќе од сто куќи, како и дом за стари луѓе и мал хотел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.