| четврток, 6 декември 2018 |

Првата Македонка од Австралија која се врати дома – ама засекогаш (ВИДЕО)

Лена

Лена

Можеби сите плачат по „стариот крај“, но никој никогаш не се враќа за „везден“. Лена Заткоска, чии родители се Македонци што живеат во Австралија, иако е родена и израсната во Мелбурн, реши Македонија да биде нејзиното место на живеење.

22-годишната Лена, како што самата кажа, има целодневна работа – да биде мајка. Сепак, тоа не ја спречува да се занимава со она што најмногу го сака, а и за што и најмногу ја бидува. Доказ за тоа е и нејзиниот настап на „Икс фактор“.

Бранејќи ги боите на Македонија, Лена е уште една од оние кандидати кои вчера нѐ направија горди пред целиот Балкан.

Инаку, ова не е прво музичко појавување на младата Лена. Таа зад себе веќе има два настапа на штипскиот фестивал „Макфест“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top