Синоќешната епизода на балканското „Икс фактор“ целосно им припадна на Македонците. Коментарите за феноменалниот настап на Даниел Кајмакоски утрово ги преплавија социјалните мрежи.
Како што Жељко на шега рече дека во Македонија ако те фатат дека пееш фалш, ти го земаат државјанството, така и другите македонски кандидати растурија на првите аудиции.
Меѓу нив се најдоа и браќата Раденови, многу добро познати гевгеличани на македонската јавност. Имено, Иван е првиот, и меѓу другото и единствен, македонски идол.
– Свесен сум дека ќе има коментари од типот зошто сум се пријавил повторно кога веќе сум победил, но на таквите изјави можам да се насмевнам. Сѐ што правам правам сам, со ничија помош. Од ветеното не добив ништо, така што се снаоѓам како што знам и умеам – ни изјави Иван Раденов по првиот круг елиминации.
Побетата на „Македонски идол“ не му ги донесе посакуваните резултати, првенствено затоа што телевизијата што беше организатор веќе не постои.
– На „Икс фактор“ се пријавив, пред сѐ, за своја промоција во Србија, а и во целиот Балкан. Речиси една година живеам и работам во Белград, постојано имам настапи низ тамошните клубови, па шоуто би ми помогнало за промоција, за повеќе свирки низ Србија и Балканот – вели Иван.
На аудицијата пред четиричленото жири, составено од познатите музичари Жељко Јоксимовиќ, Емина Јаховиќ, Кристина Ковач и Кики Лесендриќ, Иван настапи во дует со неговиот брат Илија.
– Со брат ми се пријавив затоа што е многу интересно да се пее во дуо, особено двајца браќа, супер сме прифатени, интересни сме им, даваме често интервјуа – додава тој.
За освоените четири позитивни одговори, кои ги носат браќата гевгеличани во вториот круг, Иван вели:
– Жирито е супер, реално оценува. Им се допаднавме, главно ни дадоа убави коментари, дека сме професионалци, дека гласовите ни се совпаѓаат одлично и дека сме супер и слатки – завршува Иван, кој се надева дека што подолго ќе остане во шоуто и дека ќе им покажат што знаат и умеат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)