| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема почит кон земјоделците

земјоделиеВМРО-ДПМНЕ по прес конференцијата на Ленче Николовска оценува дека СДСМ нема почит кон земјоделците.

– Жалиме што Зоран Заев најави можност за намалување на субвенциите на земјоделците, а Ленче Николовска не го демантираше тоа. Истата СДСМ, која деновиве ја продолжи веќе воспоставената пракса на навредување на земјоделците, истата Ленче Николовска која земјоделците ги нарече измеќари, денес ги повтори мерките кои ги промовираа пред девет дена. И повторно, истите мерки, истите тези, истата безидејност и старите лаги. Зошто СДСМ мисли дека два пати кажаната лага станува вистина?! Зарем СДСМ мисли дека со навреди и манипулации можат да ги излажат македонските земјоделци?“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top