Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска се сретна со земјоделските здруженија од Струмица околу легализацијата на старите трактори и тракторски приколки. Според Јанкуловска, од претходно регистрирани само 30 трактори на територијата на Струмичко, со донесување на владината мерка, сега бројот на регистрирани трактори и друга механизација се искачил на околу 1 000. На ниво на држава, тој број изнесува 8 000 регистрирана земјоделска механизација, додека пак во судовите се поднесени предмети за околу 20 000 постапки.
-Мораме да водиме континуирана грижа за условно речено легализација на земјоделската механизација, зашто технички неисправните го загрозуваат сообраќајот. Само лани се случиле околу 20 сообраќајни несреќи, во кои учествувале трактори и друга механизација, каде има и жртви- нагласува Јанкуловска.
Легализацијата на нерегистрираните трактори и тракторски приколки, според мерката на владата, предвидено е да трае до средината на наредната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


