| четврток, 6 декември 2018 |

Снежана и Ариел специјални гости на забавата „Дурекс 18+“

Викендов во скопското кафуле „Ап кафе“, најпознатата светска марка кондоми ја организираше првата едукативна забава  „Дурекс забава 18+“.

Специјални гости и едукатори на забавата беа Снежана и Ариел, цртаните ликови за возрасни кои на присутните им делеа интересни реквизити направени од балони во форма на вагина и пенис.

Покрај едукацијата, од страна Снежана и Ариел, на присутните им беа поделени и кондоми со порака за безбеден и забавен секс. Тоалетот на кафулето беше дополнет со интересен воедно и корисен детаљ, лепенки „дурекс“ кои постојано ќе ги потсетуваат мажите да користат презервативи без предрасуди и изговори.

 

„Дурекс“ насекаде во светот организира забави за да се доближи до младите луѓе за да уживаат во својот сексуален живот и да се чувствуваат заштитено, пријатно и безбедно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top