Кошаркарот на Чикаго Булс Дерик Роуз поради повредата на десното колено ќе отсуствува до крајот на оваа сезона, соопштија денес од НБА лигата.
Американскиот плејмејкер се повреди во петокот на крајот од третата четвртина на натпреварот против Портланд, каде неговиот тим загуби со резултат 98-95.
Магнетната резонанца покажала дека му е скинат мениксот на коленото и дека е итно потребна операција која ќе му биде направена наредната недела.
Роуз и минатата сезона пропушти голем број на натпревари поради повредата на лигаментите на левото колено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.