| четврток, 6 декември 2018 |

Зафрановиќ заврши со монтажата на „Деца на Сонцето“

Култниот мајстор на монтажата Андрија Зафрановиќ, кој престојуваше во Скопје изминатиов период и кој го монтираше снимениот материјал за филмот „Деца на Сонцето“ во режија на Антонио Митрикески, заврши со склопување на визуелното. Филмот беше монтиран пет недели, до својата седма верзија. Првата верзија од филмот според сценариото ја заврши за помалку од три недели.

-Самиот процес на монтирање во првата фаза не беше тежок воопшто, беше помалку напорен само во фазата на драматуршко доструктуирање и во скусувањето на снимениот материјал. Потполно сум задоволен од сработеното, како и за сите филмови на кои досега сум работел. Јазикот на филмот го одредува неговиот автор, поточно режисер и самата тема, приказната. А во монтажата сето тоа се врзува во една целина и дообликува. Практично тука е мојот придoнес во овој филм, вели Зафрановиќ.

-Деца на Сонцето е најбрзо измонтиран фим на кој досега сум работел“ изјави режисерот Митрикески. „Ова е моја втора соработка со Андрија и процесот на работа помина одлично. Задоволен сум што успеавме да направиме филм кој се гледа во еден здив, лесен авторски филм, базиран врз еден модерен неореализам. Суптилна социјална драма, со лесни апсурдни ситуации објасни режисерот.

Монтажата на филмот беше реализирана во „Револушн продукција“. Следен чекор е тонска монтажа, музика и на крајот колор корекција. На почетокот од следнава година, филмот ќе биде комплетно завршен

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top