| четврток, 6 декември 2018 |

(Вознемирувачко видео) Фудбалер го проголта јазикот, соиграчите го спасија од смрт

Колумбискиот интернационалец Маурисио Молина имаше многу среќа на натпревар во Јужна Кореја во дресот на ФЦ Сеул, а присебноста на соиграчите го спасија од сигурна смрт. По еден воздушен дуел со противничкиот голман, Молина падна на теренот како покосен и го проголта јазикот.

Играчите на теренот реагираа правовремено, а потоа помогнаа и лекарските екипи на двата тима. Целата драма ја следеа и неговата сопруга Лаура и синот, но, за среќа, сѐ се заврши добро.

moli

Подоцна Молина стана на нозе, а преку „Твитер“ испрати порака дека сѐ е во ред, иако мораше да замине на дополнителни прегледи.

laura

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top