| четврток, 6 декември 2018 |

Во Словачка се ќарувало по 5.000 евра за местење фудбалски натпревари

Според сомнежите на полицијата, која отвори истрага, двајца фудбалери на словачкиот прволигаш Нитра ќариле по 10.000 евра за два наместени натпревара. Имињата на играчите не се споменуваат, а спорните мечеви се пријателски и Нитра ги одиграла во 2011 година. Првиот е против унгарскиот тим МТК, а целта била Нитра да прими барем четири гола и да загуби со два или повеќе погодоци разлика. Мечот завршил како по ноти и според желбите на местачите, со резултат 6-3 за МТК.

Наградата за двајцата фудбалери што помогнале да се реализира сценариото била по 5.000 евра. За истата сума бил наместен и натпреварот со чешкиот тим Бохемијанс, а потребната квота на голови била најмалку три. Веројатно се играло за 3+, а пријателскиот меч завршил со посакуваните 2-1 за Бохемијанс. Полицијата во Словачка тврди дека има цврсти докази против двајца фудбалери на Нитра, а за тоа дали има уште вмешани играчи во аферата со местење натпревари ќе открие дополнителната истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top