| четврток, 6 декември 2018 |

Бездомници за малку ќе запалеа цела зграда во Кисела Вода

Во подрумскиот дел на полуразурнатата скопска четирикатница на улицата Виктор Иго бб, позната како Раба, вечерва после 20.30 избувнал пожар, пренесува „Плусинфо“. Зградата, со години е дувло на наркомани и бездомници, кои вечерва сакајќи да се згреат во подрумскиот дел предизвикале пожар горејќи картони, ѓубре и алишта.

Десетина пожарникари со две цистерни на противпожарната бригада и едно помошно возило, вечерва во скопската населба Кисела Вода  не дозволија пожарот да ги зафати куќите кои се залепени до урнатините на Раба, како и возилиата кои беа паркирани до зградата.

Повредени нема, а проценка на штета не може да се направи бидејќи од Раба се останати само урнатини и подрумските простории.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top