Во подрумскиот дел на полуразурнатата скопска четирикатница на улицата Виктор Иго бб, позната како Раба, вечерва после 20.30 избувнал пожар, пренесува „Плусинфо“. Зградата, со години е дувло на наркомани и бездомници, кои вечерва сакајќи да се згреат во подрумскиот дел предизвикале пожар горејќи картони, ѓубре и алишта.
Десетина пожарникари со две цистерни на противпожарната бригада и едно помошно возило, вечерва во скопската населба Кисела Вода не дозволија пожарот да ги зафати куќите кои се залепени до урнатините на Раба, како и возилиата кои беа паркирани до зградата.
Повредени нема, а проценка на штета не може да се направи бидејќи од Раба се останати само урнатини и подрумските простории.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.