Златан Ибрахимовиќ е еден од најдобрите фудбалери во светот како и најдобар шведски фудбалер во историјата. Како и секогаш така и во последно време дава интересни изјави за новинарите. Во продолжение погледнете ги едни од најинтересните негови изјави во 2013 година.
1. Ако во текот на кариерата Стивен Жерард и Франк Лампард би играле во ист, денес никој немаше да зборува за Чави и Иниеста.
2. Еден новинар на потежок начин дозна од што му е гребаницата на лицето на Ибрахимовиќ.
– За да добиеш одговор мораш да ја прашаш жена ти – одговори Ибрахимовиќ.
3. – Без мене не е вредно гледањето на светското првенство – изјави „Ибракадабра“ по поразот во бараж двомечот со Португалија.
4. Новинар на португалска телевизија го праша Ибрахимовиќ.
– Кој ќе помине понатаму во пресрет на бараж натпреварите со Португалија?
Ибрахимовиќ му одговори:
– Тоа го знае само господ.
Новинарот:
– Од господ тешко дека ќе добиеме одговор.
– Па токму сега зборувате со него – заклучи Ибрахимовиќ.
5. На новинарско прашање што ќе и купи на својата жена за роденден тој одговорил:
– Ништо. Таа веќе го има Златан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Шведскиот Парламент не ја изгласа предложената коалициска малцинска влада
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)