| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО- ДПМНЕ: Новинарите кои се „извинуваа“ нека си формираат партија

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешното колективно „Извинување“ на дел од новинарите, предводени од ССНМ, упатени до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и премиерот Никола Груевски

imagesВо реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, стои дека на дел од новинарите, политиката им е очигледно подрага отколку новинарската професија.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за воведување демократски и цивилизациски стандарди во секој сегмент од нашето општество. Ќе продолжиме низ дијалог со релевантни субјекти да ги решаваме проблемите, и на луѓето кои работат како новинари, и на сите останати категории како, земјоделците, бизнисмените, пензионерите, младите и сите останати. Се надеваме дека секогаш во тој дијалог од другата страна имаме и ќе имаме луѓе на кои приоритет им се интересите на граѓаните, а не интересите на поедини политички партии и поедини политичари- велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ ги упатува да соберат потписи со кои ќе формираат политичка партија со која ќе настапат на избори, за да си го видат својот личен углед и авторитет помеѓу народот.

-Овие луѓе денес, во име на СДСМ се пресметуваа со Трајко Вељаноски и со Никола Груевски. Овие луѓе денес ја покажаа својата опседнатост од политиките на Бранко Црвенковски. Тие покажаа дека најмалку можат да се повикуваат во името на независни новинари- реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top