| четврток, 6 декември 2018 |

Да ѝ помогнеме на младата Катерина

Потребна е помош за 23-годишната Катерина Алексиќ од Скопје, која боледува од CTEPH (chronic trombembolic pulmonary hypertension/ хронична тромбемболична пулмонална хипертензија), а нејзината операција мора да се изврши во Виена и чини околу 5о.ооо евра.

Со помош на д-р Кедев и на д-р Пејков од Државната болница, оддел кардиологија, Катерина успеала да дојде до д-р проф. Ирене Ланг во Виена, каде што пред една недела ѝ било направено комплетно испитување и се дошло до сознание дека белите дробови ѝ функционираат со 3о проценти од капацитетот и се полни со тромбови, па затоа неколку месеци наназад таа е со постојан третман на кислород, меѓу другите лекарства. Во Виена, Катерина успеала да стапи во контакт со врвниот пулмокардиолог д-р Клепетко, кој и досега извршувал вакви тешки интервенции со 1оо-процентен успех. Добила ветување дека кога ќе обезбедат средства со мајка ѝ, веднаш ќе биде оперирана и комплетно здрава.

Затоа, ги замолува сите хумани луѓе да ѝ помогнат во собирањето на потребните средства од приближно 5о.ооо евра, колку што ќе чини операцијата, а нејзиното единствено решение за преживување е патот до Виена.

Доколку сте во можност, сметката на Катерина Алексиќ е следнава:

Жиро с-ка 280108101488367 Алфа Банка AД Скопје

Шифра за донации и уплати: 562

Moжности за контакт:

Телефон : +389 78 649 001 и +389 78 441 024

Mail : lukakaterina@gmail.com ; luka_ana@yahoo.com

Домашна адреса : „ 20 Октомври “ 20 1/3 1000 Скопје, Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top