| четврток, 6 декември 2018 |

Во Бангкок демонстранти упаднаа во зграда на Министерството за финансии

Во Бангкок стотина антивладини демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за финансии, но не причинија штети. Лидерите на демонстрациите упатија повик за такви упади во сите министерства.

– Ако министерствата не запрат со работа како знак на граѓанска непослушност, утре сите ќе ги заземеме – изјави пред насобраните демонстранти, Сутел Таугсубан, од раководството на Демократската партија, која е главна опозициска сила во Тајланд.

Демонстрантите се дел од десетиците илјади кои протестираат против владата на Инглук
Шинаватра. Со тоа продолжија демонстрациите во кои се бара оставка од премиерот, сестра на соборениот со преврат премиер, Таксин Шинаватра, кој сега е во прогонство.

Новиот бран протести е најголем од пролетта во 2010 година, кога во демонстрации загинаа 90 луѓе и 1.900 беа повредени. Тогаш околу 100 илјади го окупираа центарот на Бангкок два месеца и бараа оставка од тогашната влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top