| четврток, 6 декември 2018 |

Ова не му треба на македонскиот ракомет – инцидентот на Вардар – Металург (видео)

Исклучително лошо за реномето и на Вардар и на Металург, а најмногу за македонскиот ракомет, изгледаше инцидентот во второто полувреме, поточно во 52. минута од дербито на шестата рунда од Лигата на шампионите. Очите на ракометниот свет беа вперени во скопскиот храм „Борис Трајковски“. Дури и луѓето од ЕХФ, за кои честопати имавме забелешки во минатото, сосема коректно не почестија со епитетот дерби на Европа, но ние како да не можеме без инциденти.

Ги имаше и пред десетина дена на првиот меч, кога на истото место во „Борис Трајковски“ официјален домаќин беше Металург, а и синоќа на натпреварот што го организираше Вардар. Кога за полицијата има многу работа, тогаш нешто не е в ред. Врв на глупоста беше хулиганскиот испад на гледачот што синоќа фрли столче на терен, а потоа приреди и реприза.

vardar-metalurg-22

А, се беше подготвено за спектакл, пред полна сала и над 7 илјади гледачи и пренос во повеќе од 20 земји на стариот континент. Играат две македонски екипи, Вардар кој е шампион на нашата земја и Металург, ланскиот четвртфиналист во ЛШ. Единствени сме во Европа со три екипи од ист град во елитата, вклучувајќи го и ЖРК Вардар. И наместо сите да се гордееме што Скопје и Македонија, синоќа, како и пред десет дена, па и во целиот циклус натпревари, беа епицентарот на едно врвно натпреварување од рангот на Лигата на шампионите, испадна дека треба да се срамиме за нечиј безобразен потег, што е непримерен за ракометната игра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top