Според весникот Вест дел од коалициските партнери на Црвенковски се согласуваат со предлогот на претседателот Ѓорѓе Иванов за експертска комисија како начин за надминување на политичката состојба.
Весникот го пренесува Тито Петковски од НСДП кој вели дека „Опозицијата не треба да се противи на напорите да се расветли инцидентот од 24 декември, бидејќи ние нема што да криеме“. Вест го цитира и лидерот на ЛП, Ивон Величковски кој во своја колумна напиша дека „Таква комисија е промислен начин за премостување на неможноста од институционален епилог и утврдување на одговорноста“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


