| четврток, 6 декември 2018 |

Украинците на улица по апелот на Тимошенко (Фото)

h_51116936Илјадници проевропски ориентирани Украинци се собираат во Киев на голем протест против владата која се реши да не го потпише документот за придружување на ЕУ. Околу 7 илјади се собраа во паркот Шевченко пред почетокот на протестот на плоштадот Независност, епицентарот на револуцијата во 2004.

h_51117059 h_51117047Се носат знамиња на ЕУ и на Украина како и транспаренти „те сакаме ЕУ“. Се очекуваат околу 100 илјади лица, па полицијата се плаши од инциденти.

h_51117080Киев спротивно од сите очекувања се откажа од ЕУ во четвртокот и се сврте кон Русија, што опозицијата го осуди а ЕУ го оцени како стратешка грешка. Јулија Тимошенко поранешна премиерка и политички противник на Виктор Јанукович, го повика во петокот народот на протест.

h_51117017Украинскиte демонстранти го расформираа комунистичкиот шатор во близина на споменикот на Владимир Илич Ленин за време на масовните протести.
h_51116959Земјата со 46 милиони жители е во големи долгови и догодина мора да најде 17 милијарди долари за руската сметка за гас , како и за долговите меѓу дргите и 3,7-те милијарди долари кон ММФ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top