Илјадници проевропски ориентирани Украинци се собираат во Киев на голем протест против владата која се реши да не го потпише документот за придружување на ЕУ. Околу 7 илјади се собраа во паркот Шевченко пред почетокот на протестот на плоштадот Независност, епицентарот на револуцијата во 2004.
Се носат знамиња на ЕУ и на Украина како и транспаренти „те сакаме ЕУ“. Се очекуваат околу 100 илјади лица, па полицијата се плаши од инциденти.
Киев спротивно од сите очекувања се откажа од ЕУ во четвртокот и се сврте кон Русија, што опозицијата го осуди а ЕУ го оцени како стратешка грешка. Јулија Тимошенко поранешна премиерка и политички противник на Виктор Јанукович, го повика во петокот народот на протест.
Украинскиte демонстранти го расформираа комунистичкиот шатор во близина на споменикот на Владимир Илич Ленин за време на масовните протести.
Земјата со 46 милиони жители е во големи долгови и догодина мора да најде 17 милијарди долари за руската сметка за гас , како и за долговите меѓу дргите и 3,7-те милијарди долари кон ММФ.Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


