| четврток, 6 декември 2018 |

Пет навивачи на Селтик завршија во затвор

Судот во Амстердам ги прогласи виновни петмината навивачи на Селтик за насилничко однесување во пресрет на натпреварот со Ајакс во Лигата на шампионите и ги осуди на затворски казни, пренесуваат холандските медиуми

celtik-500

Според нивните информации, фановите на шкотскиот фудбалски состав заработиле затворски казни бидејќи се конфронтирале со полицијата, меѓутоа засега се пуштени на слобода, додека судот не одлучи во врска со нивните жалби.

Двајца поддржувачи на Селтик добиле по два месеца, други двајца по шест недели затвор, еден навивач ќе мине месец зад решетки, додека против шесттиот е прекината постапката поради недостаток на докази.

Навивачите пред судот тврделе дека полицијата користела прекумерна сила, а судијата го отфрлил тоа.

Нередите се случија на 8-ми ноември во Амстердам, пред почетокот на мечот меѓу Ајакс и Селтик во Лигата на шампионите.

Во инцидентите беа повредени осуммина полицајци, а 44 лица беа уапсени, од кои 28 Шкотланѓани. По приведувањето, 12-мина навивачи на Селтик беа пуштени откако платиле кауција, а други десетмина си заминале без надоместок.

Судот во Амстердам одредил на четворица од повредените полицајци да им се плати меѓу 250 и 500 евра отштета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top