И додека дел од јавноста одлуката ја дочека со жалење, родната Струмица го оправдува неговиот избор – да си замине од репрезентацијата, но да остане во фудбалот и да се посвети на младите фудбалски таленти во земјава, јави дописничката на Канал 5 од Струмица.
Нема да има повеќе скандирање и навивачки песни низ струмичките улици и кафулиња по секој постигнат гол на Пандев за македонската репрезентација. Славниот Гоче се збогува со националниот дрес. Сепак, ваквата одлука не ја вознемири родната Струмица. Пријателите, долгогодишните соработници, познаниците но и фановите, се убедени дека нивниот идол има силен мотив и причини. Верните навивачи од струмичките Ајдуци, кои го бодрат Горан од трибините повеќе од 15 години, велат дека Горан секогаш бил на нивна страна, и затоа цврсто застануваат зад секоја негова одлука.
Пандев во дописот до ФФМ како една од причините за откажување од репрезентацијата ја наведе токму потребата да им се даде простор на младите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“