| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона со нова победа на чело со Лазаров

Ракометарите на Барселона ја остварија и петтата победа во Лигата на шампионите откако денеска вторпат за краток период го совладаа белорускиот претставник Динамо Минск

lazarov
Кире Лазаров и неговите соиграчи стигнаа до единаесет бодови по тримфот од 35:25, со што се зацврстија на првото место на табелата во групата каде играат и нашите претставници Вардар и Металург.

 Слично како и на првиот натпревар во Белорусија, составот на Динамо успеа да му се противстави на шпанскиот шампион околу 20 минути, по што следуваше серија на домаќините за 13:9 на полувреме и нејзино продолжение во вториот дел за конечни 35:25.

Лазаров реализирал 2 гола во дресот на Барса, додека најефикасен бил Рутенка со 7 голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top