Веста дека во Охрид се појавило фиќо кое се користи за свадби предизвика огромен интерес меѓу жителите на градот, а повеќето читатели се интересираа кои се младенците кои во време кога сите се тркаат на свадбите да се качат во што поголеми автомобили или џипови, па дури и лимузини, едноставно решиле на свадба да одат со фиќо.
Охрид 1 ги најде младенците – Андреа Горгиева, родена Станиќ од Охрид и новиот охридски зет Александар Горгиев од Штип, кои во буквална смисла на сите има покажаа дека народот кога ја пеел песната Среќата со пари не се купува, целосно имал право.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.