Долгогодишниот преведувач на Тито, Иван Ивањи изјави дека година дена по атентатот на Џон Кенеди, агенти на Јосип Броз, изнеле теорија која ја оспорува официјалната верзија за убиството на некогашниот американски претседател, пренесува А1он.
Имено, тие направиле реконструкција на настанот, па се обидел од иста висина да погодат слична мета и сфатиле дека тоа е невозможно.
-Бевме во источен Берлин, кога луѓе кои се грижеа за безбедноста на Тито ми раскажаа дека по атентатот на претседателот направиле проба за да проверат дали два куршума може да го погодат Кенеди, а еден гувернерот на Тексас, Џон Конелиј. Тоа е официјалната верзија, вели тој и додава дека е констатирано дека само еден куршум можеби би го погодил.
Тој ја доведува во прашање нивната иницијатива да прават реконструкција на атентатот и смета дека причина за тоа е што таквите служби за безбедност мораат да го истражат настанот или се работи за љубопитност и проверка дали Американците погрешиле во истрагата.
Само четири недели пред убиството во Далас, Јосип Броз со својата сопруга претстојувал во Далас.
Повеќето медиуми пишувале дека на Тито му одговарала политиката на Кенеди и дека развил посебен афинитет кон него. Ова бил и период кога Југославија им се приближувала на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.