| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорческа загуби во четвртфиналето во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Анталија откако претпладнево загуби во мечот од четвртфиналето од Диана Бузеан со 2:0 во сетови

gorceska-500

Првиот сет романската тенсиерка го доби со 7:6, 7:3 во тај брекот, додека во следниот имаше еден брејк повеќе од Ѓорческа и го реши во своја корист со 6:3.
Попладнево Ѓорческа во игра на двојки со Анастасија Вдовенко од Молдавија ќе играат во финалето против романско-јапонската комбинација Бјанка Хинку и Киока Окамура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top