Една од најдолгите и најогорчените бракоразводни парници во Велика Британија, која со недели беше на насловните страници во печатот, конечно заврши денеска така што судијата едниот од сопружниците го опиша како ноторен лажго, а другиот како ковач на завери.
Судијата случајот го финишираше така што досуди мултимилионерот Скот Јанг (51) половина од својот имот, вреден 65 милиони долари да и го препушти на пораншната сопруга Мишел Јанг (49).
Во текот на судењето кое траеше 6 години, Јанг се обиде себеси да се претстави како осиромашен и банкротиран бизнисмен, додека неговата довчерашна сопруга обвинуваше дека целата приказна ја измислил за да не мора да и го даде тоа што и припаѓа, тврдејќи дека неговото богатство се мери во милјарди.
Јангсови беа во брак 17 години и имаат две ќерки.
Судијат анаведе дека не било можно да се утврди целата вистина за финансиската ситуација на Јанг поради неверојатниот број лаги кои ги изнел, додека за неговата сопруга Мишел рекол дека секаде гледа завери.
По одлуката на судијата, револтираната Мишел Јанг пресудата ја опиша како срамна.
– И натаму стојам зад своите зборови. Тој поседува милјарди, изјави огорчената жена пред новинарите собраните на излезот од судот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.