Лозарите од Тиквешијата повторно очекуваат, покрај субвенциите, да добијат дополнителни два денара поддршка за килограм грозје продадено во некоја од домашните винарски визби.
– Имаме позитивни сигнали дека и годинава државата ќе издвои средства за дополнително субвенционирање. Веќе во наредните денови очекуваме поволна одлука на нашето барање за дополнителен стимул од два денари за килограм грозје, изјави претседателот на Регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија” Љупчо Аризанов.
Аризанов рече дека „Агротиквешија” активно работи на терен за што побрза исплата на грозјето од страна на винарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Лозарите ја добиваат првата рата, винариите го откупуваат грозјето во Повардарието
-
Клуч на вратата за откупувачите кои ќе манипулираат со лозарите
-
Лозарите ја почнаа бербата, задоволни се од цената на грозјето