| четврток, 6 декември 2018 |

По средбата на такси-превозниците и Трајановски и Јанакиевски:сепак ќе се учи англиски

Задолжителниот англиски јазик, можноста за одземање на лиценцата ако возилото стои на неодбележано место и високите казни ги збунија и револтираа таксистите. Новите измени на Законот за превоз во патниот сообраќај предивикаа многу реакции и во јавноста, па денеска на иста маса седнаа министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и скопскиот градоначалник Коце Трајановски од една страна и претставниците на асоцијации на такси превозниците од другата страна.

Како што соопштија од Министерството за транспорт и врски, во текот на состанокот било договорено да се додефинираат одредбите кои се однесуваат на стоење и дозволени дејствија на авто-такси превозниците. Во нив ќе треба да се додаде дека само во случај кога такси-возилото е празно и без патници и најавен повик дека треба да земе патник од некаде, само во тој случај возилото задолжително ќе треба да стои на авто-такси стојалиште.

Притоа од град Скопје се обврзале да го зголемат бројот на авто-такси стојалишта во текот на оваа и идната година. Како што се наведува во соопштението, а во однос на предложените санкции, договорено е казните во случај два пати да биде сторен истиот прекршок да се однесуваат на трајно одземање на извод од лиценцата за возилото со кое бил сторен прекршокот, а не на лиценцата на компанијата.

„Претставниците на асоцијациите на авто-такси превозници едногласно ги прифатија одредбите за стекнување на сертификат за познавање на основно ниво на англиски јазик преку обуки кои ќе бидат организирани од страна на Министерството за транспорт и врски и општините во Република Македонија, а сертификатот за превозниците ќе биде бесплатен.

„Претставниците на асоцијациите на авто-такси превозници едногласно ги прифатија одредбите за стекнување на сертификат за познавање на основно ниво на англиски јазик (ниво А1 според Заедничката европска рефентна рамка за јазици (CEFR) на Совет на Европа), преку обуки кои ќе бидат организирани од страна на Министерството за транспорт и врски и општините во Република Македонија, а сертификатот за превозниците ќе биде бесплатен“, стои во соопшението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top