| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс по петти пат е најдобра светска тенисерка

Првиот женски тениски светски рекет, Американката Серена Вилијамс е прогласена за најдобра тенисерка во 2013 година, објави „Плусинфо“. Изборот го спроведе Светската тениска асоцијација – ВТА.  За Вилијамс ова е второ вакво признание по ред и вкупно петта ваква награда во нејзината кариера.  Триесет и две годишната Американка беше прогласувана за најдобра и во 2002, 2008, 2009 и 2012 година.  Годинава помладата од сестрите Вилијамс одигра 82 мечеви и победи на 78 од нив освојуваќи 11 трофеи меѓу кои и Грен Слемовите „УС Опен“ и Ролан Гарос“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top