| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО – ДПМНЕ: Шекеринска ја донесе одлуката за именување на училиштето во Чаир во 2006

ВМРО-ДПМНЕ смета дека е смешен и дволичен обидот на СДСМ да ги обвинат нив за името на училиштето во општина Чаир, чиј нов објект вчера беше пуштен во употреба, објави порталот „Економски лидер“.

– Од документите кои денес се појавија во јавноста, јасно се гледа дека Решението за името на новоизграденото училиште во општина Чаир е донесено уште во 2006 година, со одлука на тогашната Влада предводена од СДСМ во која вицепремиер беше денешниот заменик – претседател на СДСМ Радмила Шеќеринска, се вели во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Се посочува дека играта која ја води СДСМ е опасна.

– Тие на овој начин, се обидуваат да играат на картата на популизмот и разгорување на меѓуетничките односи. Очигледно, СДСМ во нивниот мандат не градеа училишта, туку се занимаваа со промена на нивните имиња. Во спротивно, ВМРО-ДПМНЕ гради училишта и инвестира во подобрување на условите за сите ученици во Република Македонија, се нагласува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top