Во Скопје е промовиран системот за поставување подземни контејнери за комунален отпад. Со подземни контејнери се почнува од општината Центар, но ќе се постават и во другите скопски општини. За реализација на овој проект се издвоени вкупно 33 милиони денари, од кои по 10 милиони инвестираат Градот Скопје и општина Центар, а 13 милиони ЈП„Комунална хигиена“.
-Со поставувањето на 50 подземните контејнери на 15 локации низ централното градско подрачје ќе придонесе за осовременување на системот за складирање и подигање на комуналниот отпад и за подобрување на јавната хигиена во градот, рече градоначалникот Коце Трајановски.
Системот ќе се користи за вадење и спуштање на контејнерите, oдносно за нивно празнење. Тој е на хидрауличен погон и е еден од најсовремените во регионот. Подигањето на отпадот се одвива брзо затоа што без да се вградува дополнителна опрема се користат веќе набавените камиони за ЈП „Комунална хигиена“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден
-
Шилегов чека слика до Коце за на ѕид, Трајановски вели дека во градот има сто фотографии од него
-
Абдусамед Шабани ја презеде функцијата директор на ЈП „Комунална хигиена“
-
Коневски: Победа за Коце Трајановски и листата – за да ги реализираме сите проекти за подобри услови во Аеродром


