| четврток, 6 декември 2018 |

Подземни контејнери во скопски Центар

Promocija na podzemni kontejneri (1)Во Скопје е промовиран системот за поставување подземни контејнери за комунален отпад. Со подземни контејнери се почнува од општината Центар, но ќе се постават и во другите скопски општини. За реализација на овој проект се издвоени вкупно 33 милиони денари, од кои по 10 милиони инвестираат Градот Скопје и општина Центар, а 13 милиони ЈП„Комунална хигиена“.Promocija na podzemni kontejneri (2)
-Со поставувањето на 50 подземните контејнери на 15 локации низ централното градско подрачје ќе придонесе за осовременување на системот за складирање и подигање на комуналниот отпад и за подобрување на јавната хигиена во градот, рече градоначалникот Коце Трајановски.
Promocija na podzemni kontejneri (3)Системот ќе се користи за вадење и спуштање на контејнерите, oдносно за нивно празнење. Тој е на хидрауличен погон и е еден од најсовремените во регионот. Подигањето на отпадот се одвива брзо затоа што без да се вградува дополнителна опрема се користат веќе набавените камиони за ЈП „Комунална хигиена“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top