
фотографии: Александар Ивановски, Република
Полицијата денеска врши детална истрага во Музејот на Македонија.
На вработените им било речено денеска да си заминат дома бидејќи не ќе можат да влезат на своите работни места.

Во Музејот недостигаат вкупно 166 артефакти од депото, покажал конечниот попис за кражбата. Oд МВР најавија дека вработените во Музејот ќе бидат вклучени на полиграф. Претходно, првичните информации беа дека недостигаат 40 предмети со непроценлива вредност, кои потекнуваат од античкиот и римскиот период, пронајденит при ископување во Стоби и Исар Марвинци. Списокот на исчезнати артефакти подоцна беше проширен. Полицијата утврди дека нема трага на провала, па сомнежите се дека станува збор за некој вработен во Музејот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Предавање „Ритамот и звукот на Африка“ во Музеј на Македонија
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
„Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ – предавање на Илина Јакимовска во Музеј на Македонија


