Некогаш еден од најпознатите тинејџерски пејачи на светот Арон Картер, оваа недела мораше да прогласи банкрот.
Арон на списокот за попис на имотот пријавил 60 долари, телевизор вреден 500 долари, гитара и уште неколку музички помагала кои сите заедно вредат 2.500 долари.
Покрај тоа што нема ништо, тој должи 2,3 милиони долари за данок, а на банките им должи околу еден милион долари.
Арон Картер кој денеска има 26 години се прослави во текот на 1990. години кога стана вистинска ѕвезда помеѓу младата популација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.