Единствениот македонски фармер Жаре Бербер ја заработи првата закана со тужба. Како што одминуваат деновите, ситуацијата на „Фарма“ сѐѐ повеќе се вжештува. Разговорите сѐ почесто преминуваат во караници, а меѓусебните обвинувања во дрски и безобразни навреди. Од истите не е поштеден ниту во моментов единствениот македонски фармер Жаре Бербер, кој ја заработи првата закана со тужба.
Откако Жаре ја обвини Јелена Голубовиќ дека нејзиниот алергиски ларингитис и болките во грлото се измислица, таа возврати оти сѐ е вистина и дека поради тоа секојдневно мора да прави инхалација.
– Не зборуваше гласно два дена и слушни каков ти е сега гласот. Совршен. Не ти е ништо, се служиш со лаги – рече Жаре.
Јелена веднаш почна да објаснува дека од првиот ден има проблеми со грлото, но и дека може да му поднесе тужба поради тоа што ја обвини дека се служи со лаги.
– Јас ќе те тужам ако продолжиш. Само ако уште еднаш ми кажеш дека се служам со лаги, ќе те тужам – му се закани Јелена на Жаре.
Последната расправија доведе до комплетно заладување на односите меѓу нив, па кога Жаре сакаше заеднички да се договорат околу средувањето на куќата, таа одби каква било соработка со него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


