Откако ја објавија втората заедничка песна „The Monster“, познатата пејачка Ријана и раперот Еминем објавија заедничка фотографија на социјалните мрежи од снимањето на видеоспотот за песната.
Ова е втора песна по ред која ја направија Еминем и Ријана. Сите се сеќаваме на нивниот прв дует од 2010 година, „Love The Way You Lie“. Очигледно соработката им останала во убаво сеќавање, па затоа решија да направат уште еден заеднички хит.
Еминем објасни што е тоа што нив двајца ги поврзува и зошто нивните песни се добитна комбинација за загарантиран хит.
– Она што ме поврзува со Ријана е тоа што луѓето нѐ гледаат како да сме малку смешни. Ја имаме таа линија која нѐ поврзува и затоа сакав Ријана да биде повторно гостин на мојот албум. Кога ги чув првите тактови на песната, веднаш го чув нејзиниот глас. Знаев дека тоа ќе биде наша песна – рече раперот Еминем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


