| четврток, 6 декември 2018 |

Стопанската комора: Излезот е во нови пазари

Анализата на Стопанската комора не остава простор за изненадувања во економските текови, а растот на БДП од 2 проценти е можен со капиталните инвестиции и раздвижување на металната индустрија

celicna-industrija1-(1)Комората годинава ќе ги менува приоритетите заради падот на индустриското производство, па сега главни приоритети се промоција на македонската економија и понуда и барање на нови пазари, како главен предуслов за зголемување на побарувачката и производството.

– Проектираниот раст на БДП е можен пред се со целосното реализирање на  капиталните инвестиции во Буџетот, како и со очекувањата за позитивни движења во втората половина од годинава посебно во металната индустрија како носечка дејност за нашата економија, вели Стојмирка Тасевска од Стопанската комора.

Фокусот годинава ќе биде ставен на парафискалните давачки, гаранциите во јавните набавки, недостигот на стручен квалификуван кадар и на предлозите за донесување закони за поттикнување на инвестициите и за формирање гарантен фонд за економски развој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top