| четврток, 6 декември 2018 |

Свинскиот грип ја зема и втората жртва сезонава во Македонија

Маж на 52 години почина од свински грип информираа од Инфективната клиника од Скопје. Тој е втората жртва на вирусот А Х1Н1 сезонава.

Од клиниката потврдија дека вчера починл пациен кој боледувал од повеќе тешки хронични заболувања, при што во моментот бил со воспаление на белите дробови и менингит, односно воспаление на мозок. Лабораториските анализи покажале дека кај него е изолиран и вирусот на грип А Х1Н1.

Пациентот (роден 1961 година), бил хоспитализиран на Инфективна клиника на 23 јануари во многу тешка општа состојба. Веднаш му била дадена адекватна антибиотска комбинирана терапија, но и покрај напорите на лекарите во текот на вчерашниот ден била констатирана смрт.

Инаку, во текот на минатата недела на Инфективната клиника, амбулантски биле прегледани 126 лица со симптоми на грип, при што дел од нив биле хоспитализирани со лесна и со средно-тешка симптоматологија, во моментов нема хоспитализирано пациенти на одделот за интензивно лекување. На Клиниката за детски болести, со полесни симптоми на грип, амбулантски биле прегледани девет деца  и три во Заводот за белодробни заболувања кај децата, Козле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top