| четврток, 6 декември 2018 |

Тетекс не го дава пехарот од купот, полуфинале и за Металург и Брегалница

Актуелниот бранител на титулата во националниот куп, Тетекс, се пласираше во полуфиналето на најмасовното фудбалско натпреварување кај нас, со победа од 2-1 во реваншот против Напредок. Брегалница ја елиминира Шкендија, а Металург ја декласира Дрита. Квартетот полуфиналисти ќе го комплетира подобриот од двомечот Работнички – Пелистер, а битолчани на 4 декември во Скопје ќе ја бранат предноста од 1-0.

Второлигашот Тетекс успеа да слави со 2-1 во Кичево против Напредок со што ја продолжи одбраната на трофејот. Филип Петковски со гол од пенал и Боби Божиновски, беа стрелци за Тетекс. Напредок намали на 1-2 со автоголот на Кралевски во финишот од реваншот.

Брегалница ја одбрани предноста од 2-1, во Тетово против Шкендија, со реми, 1-1. Горан Здравков во седмата минута ја затресе мрежата на домаќините, а Артим Положани го израмни резултатот во 33.минута. Тоа не беше доволно за тетовските „црвено-црни“, па тие се простија од амбициите за освојување на купот.

Металург го декласира второлигашот Дрита со 7-1 и со вкупен резултат од 10-1, отпатува во полуфиналето. Блескаше напаѓачот Марко Симоновски со 3 погодоци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top