| четврток, 6 декември 2018 |

Две лица повредени во експлозија во Сараево

Две лица се повредени денеска во експлозија во сараевската населба Добриња. Според првичните сознанија, најверојатно станува збор за експлозија на плинска боца.

Станот во кој се случила експлозијата е уништен, прозорците на зградата се искршени, а оштетени се и неколку возила на околниот паркинг.

Според босанските медиуми ,72-годишна жена се здобила со изгореници, кои се опасни по животот, додека помлад маж, кој ѝ помогнал да излезат од станот, е повреден, но не е во животна опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top