| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен косовски хакер во Тетово

haker

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против М.Е.(18), државјанин на Косово, со привремен престој во Тетово, ученик во средно училиште во Тетово, за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Во текот на јануари 2013 година, пријавениот неовластено навлегол во компјутерскиот систем на една домашна компанија на која е хостирана веб-страница, при што на постојната содржина на веб-страната поставил сопствено креирана содржина-фотографија со што го оневозможил нормалното функционирање на веб-страницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top