| четврток, 6 декември 2018 |

Пратеникот Штребеле си го побара британското досие

штребелеГерманскиот пратеник Ханс Кристијан Штребеле, побарал британските разузнавачки служби да ги обелоденат сите досиеја што ги имаат против него, по тврдењата на Едвард Сноуден дека британската амбасада во Берлин е користена како таен центар за прислушување.

Пратеникот од партијата на „Зелените“ и член на парламентарната комисија што ги надгледува активностите на германското разузнавање, Штребеле, вчера изјавил дека тврдењата на Сноуден за британска шпионска станица во Берлин, го терале да смета дека и самиот тој можно е да бил шпиониран.

Штребеле се состана со Сноуден овој месец во Москва и објави писмо од него, повикувајќи да се помогне при убедувањето на американската Влада да ги отфрли обвиненијата против него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top