Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски отпатува во САД, каде во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун и со претседателот на ГС на ОН Вук Јеремиќ. Во Вашингтон Претседателот на Собранието ќе присуствува на Молитвениот појадок кај Барак Обама, а предвидени се и средби со претставници од Претставничкиот дом на САД, како и со конгресмени, сенатори и претставници на Стејт Департментот.
Во рамките на претстојот во Вашингтон претседателот Вељаноски ќе се сретне и со првите луѓе на двата влијателни институти, претседателот на НДИ Кенет Волак и со претседателот на ИРИ Лорн Крејнер, како и со сенаторот Џим Де Минт, претседател на Херитиџ фондацијата. Воедно ќе учествува во дебатата која ја организира Херитиџ фондацијата.
Претседателот Вељаноски ќе има средби и со Обединета Македонска Дијаспора и со претставници на организации на албанската заедница во Соединетите Американски Држави.
Со македонската делегација во САД до 10 февруари е и министерот за економија Ваљон Сарачини, кој ќе присуствува на традиционалниот Молитвен појадок кај претседателот Барак Обама, а за време на престојот во Вашингтон и во Њујорк ќе се сретне со претставниците на Стопанска комора на Менхетен, ќе ги претстави можностите за инвестирање пред заинтересираните инвеститори од САД и претставниците на албанската дијаспора од Македонија. Сарачини ќе го посети и Fast Pack Trading, најголемиот увозник и дистрибутивен центар на македонски производи во САД, а заедно со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски ќе оставарт средба со Авни Мустафај, претседател на Албанско-американскиот национален совет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.