| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо-Ибрахимовиќ 3-2, Португалија е на светското првенство

Португалија победи и во реванш бараж дуелот против Шведска со 3-2 и со конечни 4-2 и од првиот дуел заслужено оди на светското првенство во Бразил. Јунак на овој двомеч е ѕвездата на Реал Мадрид Кристијано Роналдо кој ги постигна сите четири голови за својата земја. Стрелец за Шведска е Златан Ибрахимовиќ со два гола.
Голеадата на овој натпревар се случи во вториот дел, бидејќи првото полувреме заврши 0-0. Поведоа португалците во 50 минута. Сепак Шведска со двата гола на Ибрахимовиќ направи целосен пресврт и им фалеше уште еден гол за пласман во Бразил. Командантот во редовите на Протугалците не мислеше така и возврати со два брзи гола за конечни 3-2 за Португалија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top