Македонскиот вицешампион Металург повторно одигра нерешено во СЕХА лигата. Тој во осмиот натпревар од регионалната лига не успеа да го победи Ловќен и одигра само 19-19.
„Металурзите“ настапија со комбиниран состав штедејќи ги силите на играчите за престојниот натпревар од Лигата на шампионите овој викенд што треба да го играат со Вардар.
Во текот на целиот натпревар гостите беа во предност дури и со четири голови, но сепак последната шанса за победа ја имаше Павел Атман кој не реализира пенал погодувајќи ја гредата од голот.
Најефикасен во таборот на Металург беше Атман со шест голови пред Димовски со пет и Чоровиќ со четири. Раде Мијатовиќ имаше девет одбрани во првиот дел од кои шест седмерци, додека Митревски одбрани шест топки во второто полувреме.
Кај Ловќен, Даниел Вукичевиќ и Марко Драшковиќ постигнаа по 4 гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



