Непознат сторител во текот на вчерашниот ден насилно украл чанта од скопјанка која била полна со пари и документи, информираат од МВР.
Според полицијата, вчера околу 11 часот на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во центарот на Скопје, крадецот ја пресретнал 59-годишната скопјанка и насилно ѝ ја зел чантата во која имала 168.965 денари од дневен промет, 3.300 денари, разни документи, картици на различни банки, клучеви и мобилен телефон.
Полицијата трага по сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи