| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена скопјанка – ѝ украл чанта полна со пари

Непознат сторител во текот на вчерашниот ден насилно украл чанта од скопјанка која била полна со пари и документи, информираат од МВР.

Според полицијата, вчера околу 11 часот на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во центарот на Скопје, крадецот ја пресретнал  59-годишната скопјанка и насилно ѝ ја зел чантата во која имала 168.965 денари од дневен промет, 3.300 денари, разни документи, картици на различни банки, клучеви и мобилен телефон.

Полицијата трага по сторителот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top