Македонскиот идол, Виктор Апостоловски ќе го промовира видеоспотот за својата нова песна „Ми требаш ти“. По успешната работа за други македонски автори со потпис на многу успешни проекти, Виктор, конечно, се јавува како комплетен автор на својата песна.
– „Ми требаш“ ти почнав да ја пишувам уште за време на „Македонскиот идол“, но песната си го почна својот живот уште во процесот на правење, така што имаше период на пресврт кога после подолга пауза се навратив и песната сама ми наметна што ѝ е потребно. Многу важен момент во правењето на песната беше продукцијата, но токму поради фактот што има некоја лична приказна во песната, продолжив да ја работам сам. Затоа возбудата што денес ја имам како готов производ е поголема – изјави Виктор.
Комплетниот производ, видеоспотот за песната „Ми требаш“ целосно направен од „продукција“ ќе се промовира на 22 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)